Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Битиќи: Опозицијата нема понуда и гради сегрегирано општество за разлика од СДСМ која има јасна европска визија

„Штета што оваа влада се соочи со многу надворешни кризи и голем дел од средствата мораше да се насочат на санирање на последиците од тие кризи. Предвидувањата на Светска банка беа дека во Ковид кризата Македонија ќе загуви 98 илјади работи места, но ние спасивме 80 илјади работни места и за тоа никој не зборува“, истакна вицепремиерот за економски прашања во Владата“, Фатмир Битиќи, во СТУДИО 10 на Телевизија 24.

Тој додаде дека се направени низа добри работи за овие седум години, но жал му е што не се успеа да им се помогне на студентите со нов студентски град. Студентски дом се направи во Тетово, каде што никогаш немало, но таков треба да има и во Штип.

„Во економскиот дел речиси нема нешто што СДСМ ветила, а не исполнила“, потенцираше Битиќи.

Битиќи дополнително додаде дека во моментов најслабата точка е владеењето на правото, а најслаба точка на опозицијата е тоа што немаат понуда и градат сегрегирано општество за разлика од СДСМ која има јасна европска визија.

Тој информираше дека оваа влада има навистина многу постигнувања и веројатно е и потребно повеќе претставување. Просечните плати во образованието се зголемени за 47-70%, во одбраната просечната плата е зголемена како и во МВР, а зголемени се и пензиите и мининалната плата“.

„Нека живеат луѓето подобро, нека имаат благостостојба. Не треба да не фалат. Само нека им е подобро на сите, јас ќе бидат среќен“, заклучи Битиќи.

Зачлени се на нашиот е-билтен