Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блинкен во Токио ги претстави клучните американски елементи за мир во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен повторно ги отфрли повиците за итен прекин на огнот во судирот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа и го искажа ставот на САД за тоа како треба да изгледа „денот по“ завршувањето на војната во палестинската енклава, пренесе Гардијан.

На денешната прес-конференција во Токио, по состанокот на Г7, Блинкен кажа дека сите сакаат „што е можно поскоро да се стави крај на конфликтот и во меѓувреме да се минимизираат страдањата на цивилите“.

-Но, како што разговарав со моите колеги од Г7, оние кои повикуваат на итен прекин на огнот имаат обврска да објаснат како да се справат со неприфатливиот исход што најверојатно би го донел. Хамас се повлече со повеќе од 200 заложници, со капацитет и изјави за намера да го повтори 7 октомври, одново и одново, нагласи Блинкен.

Државниот секретар ја истакна позицијата на САД за тоа како треба да изгледа „денот потоа“ во Појасот Газа по завршувањето на војната меѓу Израел и Хамас.

Тоа се, според него, условите потребни за „траен мир и безбедност“.

Блинкен изрази став дека Израел не може да управува со Газа, но дека може да има „преоден период“ по завршувањето на сегашниот конфликт.

-Газа не може да продолжи да биде управувана од Хамас. Тоа е едноставно покана за повторување на 7 октомври. Исто така, јасно е дека Израел не може да ја окупира Газа, рече тој, пренесен од британските медиуми.

Според него, актуелната реалност е дека можеби ќе има потреба од некој преоден период на крајот на конфликтот.

-Ние не поддржуваме повторна окупација и она што го слушнав од израелските лидери е дека тие немаат намера повторно да ја окупираат Газа, рече Блинкен.

Американскиот државен секретар изјави дека клучните елементи на идниот мир вклучуваат дека нема да има „присилно раселување на Палестинците од Газа“.

-Ниту сега, ниту по војната, рече Блинкен.

Други услови за мирот, според него, се – да нема употреба на Газа како платформа за тероризам или насилни напади, да нема повторна окупација на Газа по завршувањето на конфликтот, да нема обид за блокирање или опсада на Газа, да нема намалување на територијата на Газа и смора да се обезбеди „никаква терористичка закана да не доаѓа од Западниот брег“. с

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново