Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Блокади на земјоделците кај грчките градови Лариса и Кардица

 Грчките земјоделци со трактори поставија блокади во близина на градовите Лариса и Кардица во централна Грција, а тензичен беше нивниот обид да стигнат до автопатот, каде што беа спречени од полицијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Земјоделците, меѓу другото, бараат надоместоци поради намаленото производство предизвикано од непогоди и болести; изградба на инфраструктурни проекти за заштита од временските неприлики и намалување на трошоците за производство.

Претседателот на Федерацијата на земјоделски здруженија од Лариса, Ризос Марудас за грчката новинска агенција АНА-МПА истакна дека денешниот протест е со цел да ги истакне проблемите на земјоделците, дека чекаат конкретни одговори од надлежното Министерство и ја остави отворена можноста да продолжат со протестите и да постават блокади на автопатите. 

Зачлени се на нашиот е-билтен