Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Бочварски: 85% од коридорот 10Д се гради со неповратни средства од ЕУ, затоа велиме дека интеграцијата во ЕУ е важна

Филипче и Бочварски за Коридор 10, делница 10Д
Филипче и Бочварски за Коридор 10, делница 10Д

„Екпресен пат Градско –Дреново. Ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот автопат на коридор 10, ова е коридор 10Д. По цела должина,“ вели министерот за атранспорт и врски, Благој Бочварски возејќи се со носителот на листа од ИЕ 3, д-р Венко Филипче, на оваа делница од коридорот.

На прашањето колку проценти од вкупниот пат е завршен досега од двете делници, Бочварски одговара дека од првата делница се завршени 91%, а на втора делница над 80%.

Бочварски посочува дека целиот коридор 10Д, од Градско почнувајќи, преку овој пат експресниот до Прилеп, и од Прилеп – Битола автопатот кој што веќе е почнат до Битола Меџитлија кој што веќе е рехабилитиран генерално целиот коридор 10 Д во моментов се работи.

„Овој пат 85% се финансира од ЕУ првата делница, со грант средства неповратни и тоа е тоа што го зборуваме постојано околу интеграцијата во ЕУ,“ вели Бочварски.

Филипче потврдува дека ЕУ имаат многу силни финасиски програми за подршка на многу сектори.

Зачлени се на нашиот е-билтен