Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Болсонаро: Обвинувањата дека сум се обидел да извршам државен удар се лажни

 Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денеска изјави дека станал жртва на политички терор откако ја напуштил претседателската функција, додавајќи дека обвинувањата против него дека се обидел да изврши државен удар се лажни.

Пред десетици илјади приврзаници на митинг во Сао Паоло, тој побара амнестија за стотици осудени за напади врз згради во кои се сместени јавни институции на почетокот на јануари минатата година, отфрлајќи ги обвиненијата против него како политички мотивирани, јавува Би-Би-Си.

Болсонаро зборуваше и за следните претседателски избори во 2026 година, и покрај тоа што му беше забрането да се кандидира за каква било јавна функција во следните осум години поради, како што се наведува, поткопување на изборниот систем на земјата и неговите тврдења дека последните избори биле фалсификувани и покрај тоа што немаше докази за изборна измама.

Неговите поддржувачи истакнаа дека на демонстрации повикувале на слобода, пред се на слобода на говор.

Десетици илјади приврзаници на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро вчера излегоа на улиците на Сао Паоло, за да протестираат против кривичната истрага против поранешниот десничарски шеф на државата.

Полицијата истражува дали Болсонаро го поттикнал неуспешниот државен удар по поразот на изборите во 2022 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен