Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел и Вархеи ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска да ги усвојат уставните амандмани

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, и еврокомесарот Оливер Вархеи излегоа со заедничка изјава за вториот круг од претседателските и парламентарните избори во Македонија во која и ја честитаа победата на Гордана Силјановска-Давкова со порака – дека со нетрпение очекуваат да работат со новата претседателка, прва жена шеф на државата во Северна Македонија.

„Ги охрабруваме релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада. Двете институции треба да работат заедно за да го унапредат патот на Северна Македонија кон ЕУ, вклучително и со спроведување клучни реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани.

Северна Македонија направи одлучувачки чекори во процесот на пристапување во ЕУ и сега ќе биде важно да се имплементираат преостанатите обврски неопходни за отворање на првиот кластер во процесот на пристапување.

ЕУ и Северна Македонија споделуваат силно партнерство. Земјата целосно се усогласи со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и очекуваме нашата соработка да продолжи и понатаму да се развива.

ЕУ забележува дека заедничката меѓународна набљудувачка мисија на изборите од ОДИХР и ОБСЕ, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа ги окарактеризира и двата избори како конкурентни и ги почитуваат основните слободи…Иако законската изборна рамка ја постави основата за демократски избори, некои одредби не беа во согласност со меѓународните стандарди, во однос на еднаков пристап до медиумите, одговорност за државното финансирање и пристап до правна заштита. Неодамнешните измени на Изборниот законик беа воведени доцна и не ги одразуваа препораките на ОДИХР.

Откако Меѓународната мисија за набљудување на изборите ќе ги издаде своите конечни препораки за идните избори, Европската унија очекува сите политички актери, релевантни институции и засегнати страни да ја покажат својата посветеност за зајакнување на демократијата и преку заедничка работа за да ги спроведат тие препораки брзо и многу пред следните избори“, стои во заедничката изјава на Борел и Вархеи.

Зачлени се на нашиот е-билтен