Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел: Руската агресија врз Украина се одразува и врз настаните во Индо-пацификот 

 На денешната средба со нашите партнери од Индо-пацифичкиот регион ќе разговараме за случувањата на три жаришта во светот – Црното Море, Црвеното Море и Јужното Кинеско Море, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел пред почетокот на средбата на шефовите на дипломатиите на НАТО со претставници на Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд во седиштето на Алијансата во Брисел.  

– Тоа што се случува во Индо-пацифичкиот регион е поврзано со руската агресија врз Украина. Неодамнешното руско вето во ОН за контрола на севернокорејската ракетна програма покажува колку се блиски Русија и Северна Кореја и како работат заедно за обезбедување оружје за напади во Украина, истакна Борел. 

Според него, потребно е што побрзо зајакнување на поддршката за Украина и мора таа да биде поголема, бидејќи сегашната помош не е доволна.

– Русија уништува цивилни цели, го уништува енергетскиот систем што ги засега сите Украинци, убива луѓе и уништува инфраструктура. Тоа укажува само на едно – дека мора да ја продолжиме поддршката на Украина, да обезбедиме заштита на повеќе цивили и да ја опремиме Украина со капацитети за одбрана, додаде Борел.

Зачлени се на нашиот е-билтен