Две фотографии објавени на социјалните мрежи ја разбрануваа политичката сцена во Македонија.
Некогашната икона на СДСМ, Бранко Црвенковски во Охрид е фотографиран во друштво на видни вмровци и „знамовци“ на неколку дена пред првиот круг од локалните избори.

На првата фотографија Црвенковски е фотографиран како на иста маса седи со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Саше Доневски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како и Јован Мирчевски – сопственикот на „Пупе Компани“, додека на втортата, тој е во друштво на Марина Горговска, носителка на советничката листа на ЗНАМ во Охрид.

Овие содржини наидоа на разочарување кај членството на СДСМ особено кај оние кои се уште одбиваа да признаат дека токму Црвенковски е креаторот и идеологот на ЗНАМ, партијата што пред една година произлезе од СДСМ.
За други пак, ова е и официјална потврда дека Црвенковски е во спрега со ВМРО-ДПМНЕ и го има создадено ЗНАМ само да му наштети на сегашното СДСМ.
За членството на СДСМ и за познавачите на политичките состојби токму ангажманот на Црвенковски и неговите приврзаници на минатите избори помогнале ЗНАМ да се етаблира во петтата изборна единица и да нанесе голема штета врз изборниот резултат на СДСМ и коалицијата како на претседателските, така и на парламентарните избори што се одржаа лани.
До овој момент нема никаква реакција од Црвенковски или кој било друг од споменатите фотографии.