Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бремена жена спасена 40 часа по земјотресите што ја погодија јужна Турција

Една бремена жена беше спасена во вторникот, 40 часа по земјотресите што ја погодија јужна Туркије, јавува турската новинска агенција Анадолија.

Нехир Илкова, која е во деветтиот месец од бременоста, беше спасена во Кахраманмараш, епицентарот на земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала.

Турските екипи продолжуваат со напорите за пребарување и спасување на преживеаните од земјотресот.

Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Сирија надмина 2.500, со што вкупниот број на загинати во Турција и Сирија надмина11.000 луѓе.

Зачлени се на нашиот е-билтен