Британскиот крал Чарлс Трети го изрази своето „длабоко чувство на благодарност“ кон оние кои се бореа во инвазијата на Денот Д додека им се обраќаше на ветераните за време на комеморациите на 80-годишнината во Нормандија.
Како што пренесува ДПА, ветераните бришеле солзи за време на обраќањето на кралот Чарлс на денешниот комеморативен настан во Франција.
– Со најдлабоко чувство на благодарност се сеќаваме на нив и на сите што служеа во тоа критично време, рече Чарлс во својот говор.
Кралот и кралицата, исто така, беа емотивни за време на службата, особено кралицата која заплака додека еден ветеран од Денот Д читаше спомени пред толпата во Вер-сур-Мер.