ЦИВИЛ продолжува со активностите за граѓанска едукација за борба против дезинформациите. Тимовите на ЦИВИЛ денеска се сретнаa со граѓанките и граѓаните на Штип, Свети Николе, Кочани и Виница.
Коментарите на дел од луѓето биле дека ова за нив е новост и освежување, бидејќи се чувствуваат задушено од огромниот број информации во медиумите за кои веќе не се сигурни дали се виситина или лага.
Напладне, во Штип, претставниците на ЦИВИЛ одржаа брифинг на тема „Дезинформациите и странското малигно влијание: Предизвици и градење отпорно општество“.
Тимовите на ЦИВИЛ дистрибуираа едукативна брошура со наслов „Ослободи го умот“ која содржи основни информации за поимите поврзани со дезинформациите, пропагандата и хибридните закани. Таа може да послужи како одличен водич во препозанавањето и справувањето со дезинформациите и другите штетни влијанија од пропагандата и хибридните закани во јавната комуникација.
Брошурите се на македонски, албански и ромски и објавени се, освен во печатена, и во електронски формат во Дигиталната библиотека на ЦИВИЛ. Истовремено, во тек е и објавувањето на едукативни видео спотови на трите јазици на медиумската платформа на ЦИВИЛ, во рубриката ЕДУКАЦИЈА.