ЦУК: Активни пожари има во Ѓорче Петров и Арачиново

Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 13:00 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор.

Од нив, активни се два пожари, додека четри пожари се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Арачиново во селото Брњарци каде гори ниска вегетација и во Општина Ѓорче Петров во селото Волково каде исто така гори ниска вегетација

Изгаснати се пожарите во Општина Чашка: с. Бањица (ниска вегетација); Општина Струга: с. Биџево (ниска вегетација); Општина Врапчиште: с. Сенакос (ниска вегетација); Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија).

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?