Skip to content
Facebook Instagram Youtube
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Ставови
    • Колумни
    • Интервјуа
  • Наши приказни
  • Вести, Магазин

Мерцедес тајно го смени легендарното лого: Дали воопшто знаете како е создадено?

Германскиот производител на автомобили накратко си поигра со рамна верзија уште во 2007 година, но брзо ја напушти.
  • 05/08/2025
  • 17:00
  • дизајн, лого, Мерцедес

Немаше најави, соопштенија за медиумите или спектакли. Промената беше воведена тивко и речиси незабележливо, објавува Auto Bild.

Од февруари оваа година, познатата ѕвезда повеќе не е прикажана во хромирано тродимензионално издание, но во сите официјални комуникации на производителот е прикажана рамна и во бела боја.

Новиот, минималистички дизајн веќе може да се види во годишниот извештај, на социјалните мрежи, во е-пошта и официјални меморандуми. Сепак, ретро ентузијастите можат да воздивнат со олеснување: познатата сребрена 3D ѕвезда сè уште доминира на хаубите, воланите и другите делови од возилото.

Како што вели компанијата, одлуката за промена намерно не била споделена со јавноста. Целта на новиот изглед е брендот да се направи помодерен, почист и поефикасен. И, секако, подобро е прилагодено на дигиталните канали бидејќи „рамната“ верзија едноставно подобро функционира на екраните.

„Со освежување на нашиот корпоративен дизајн, Mercedes-Benz го намалува присуството на црната боја како доминантна боја во визуелниот идентитет на брендот. Во комбинација со 2D верзијата на нашето лого, ѕвездата на Mercedes, за печатени и дигитални медиуми, изгледот ќе биде посовремен и визуелно конзистентен. Тридимензионалната ѕвезда ќе продолжи да ги краси нашите возила и архитектонски елементи, а како заштитен знак отелотворува безвременска елеганција, иновација и врвна изработка“, изјави портпаролот на Mercedes.

Сепак, белата ѕвезда не е сосема нова. Уште во 2007 година, Mercedes накратко си играше со рамна верзија, но брзо ја напушти. Веќе во 2010 година, за време на тогашниот шеф Дитер Цетче, компанијата се врати на тродимензионалниот дизајн бидејќи изгледаше попрестижен. Сега доаѓа вториот обид, во ерата кога едноставноста стана нов стандард на луксуз.

Како беше создадена ѕвездата на Mercedes?

Тридимензионалната ѕвезда датира од 1909 година и ја симболизира визијата на Дајмлер, мотори за копно, вода и воздух.

Првпат се користела на разгледници и промотивни материјали, а во 1911 година официјално била регистрирана како трговска марка.

По спојувањето на компаниите Дајмлер и Бенц во 1926 година, бил создаден брендот Мерцедес-Бенц. Новата верзија на логото потоа ги комбинирала трокраката ѕвезда и ловоровиот венец што ги користела компанијата на Бенц.

Дизајнот имал различни варијанти – од златната верзија, преку ловоровиот венец, до денешниот рафиниран изглед. Сепак, ѕвездата никогаш не исчезнала.

  • дизајн, лого, Мерцедес

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново
Трамп ја губи најгласната сојузничка: Марџори Тејлор Грин си заминува од Конгресот
Седмична временска прогноза за Македонија: дождовна недела со заладување и жолти аларми
По Италија и Германија е против идејата на Трамп
10 работи што не сте ги знаеле за вашето куче
Бадеми версус ф’стаци: Кој јаткаст плод е подобар за здравјето на срцето и шеќерот во крвта?

Најново

  • Вести, Свет
Трамп ја губи најгласната сојузничка: Марџори Тејлор Грин си заминува од Конгресот
  • Вести, Македонија
Седмична временска прогноза за Македонија: дождовна недела со заладување и жолти аларми
  • Вести, Свет
По Италија и Германија е против идејата на Трамп
  • Вести, Магазин
10 работи што не сте ги знаеле за вашето куче
  • Магазин
Бадеми версус ф’стаци: Кој јаткаст плод е подобар за здравјето на срцето и шеќерот во крвта?
  • Свет
ООН: Секоја трета жена во светот е жртва на насилство во текот на својот живот
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Интервју
  • Наши приказни
  • Колумни
  • Избори ’25
  • Македонија
  • Економија
  • Кластер ЕУ
  • Регион
  • Свет
  • Култура
  • Интервју
  • Наши приказни
  • Колумни
  • Избори ’25
  • За Рацин.мк
  • Импресум
  • Kонтакт
  • Политика на приватност
  • За Рацин.мк
  • Импресум
  • Kонтакт
  • Политика на приватност
Facebook-f Instagram Youtube
© 2025 – Рацин.мк | Сите права се задржани.