Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Данска ќе го поддржи воениот сојуз во Црвеното Море со фрегата

– Данска сака да ја поддржи воената алијанса иницирана од Соединетите држави за заштита на бродовите во Црвеното Море со фрегата, соопшти данското Министерство за одбрана доцна попладнево.

-Загрижени сме поради сериозната ситуација во Црвеното Море, каде продолжуваат неиспровоцираните напади врз цивилниот брод, рече министерот за одбрана, Троелс Лунд Поулсен, според соопштението за печатот.

Во јануари данската влада има намера да го достави предлогот до Парламентот на гласање.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, бродовите во Црвеното Море постојано беа напаѓани од бунтовниците Хути.

Според американските разузнавачки служби, бунтовниците во Јемен се поддржани од Иран.

Со цел подобра заштита на важната поморска рута што води до Суецкиот канал, Вашингтон формираше воен сојуз со вооружени сили од други земји.

Повеќе од 20 земји, меѓу кои Велика Британија, Канада, Франција, Холандија, Норвешка и Данска, учествуваат во иницијативата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен