Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дански геолошки институт: Земјотресите во Турција и Сирија почувствувани до Гренланд

Силните земјотреси што денеска ги погодија Турција и соседна Сирија се почувствувани дури до Гренланд, соопшти Геолошкиот институт на Данска и Гренланд, пренесува МИА.

-Силните земјотреси во Турција беа јасно регистрирани на сеизмографите во Данска и Гренланд, изјави сеизмологот Тине Ларсен.

Најмалку 912 луѓе загинаа во Турција во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Во земјотресот се повредени 5.383 луѓе, додаде Ердоган.

Со најмалку 326 луѓе кои загинаа во деловите на Сирија кои се под контрола на владата, ова го става бројот на загинати во најмоќниот потрес во регионот во речиси еден век на повеќе од 1.200.

Во земјотресот во Турција загинаа најмалку 326 лица преку границата во деловите на Сирија под контрола на владата, соопштија државните медиуми, ажурирајќи го претходниот биланс од 239.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново