Дел од цигарите со зголемени цени

Од први март дел од цигарите во Македонија се продаваат по зголемени цени од по 10 денари за кутија.

Дел од цигарите (оние произведени од Тутунски комбинат Скопје) како Вест, Бос, Родео, Жаде, Давидоф…во дел од марктетите веќе се продаваат по цена повисика за 10 денари, додека во оние маркети каде има поголема залиха, се очекува покачувањето да се случи претстојните денови.

Тоа значи дека еден пушач, ако просчено пуши една кутија цигари, сега, месечно ќе треба да издвои дополнителни 300 денари од својот буџет.

Претходно, пред околу две недели поскапеа и производите со загреан тутун (попиларните IQOS) исто така за 10 денари.

Засега, нема информации дали и кога би поскапеле цигарит од останатите производители.

Зголемувањето на цената е дел од редовното усогласување на со акцизната политика на државата која предвидува постопенео покачување на акцизата до 2030 година, кога крајната цена на цигарите во Македонија треба да стане приближна со цените на цигарите во земјите од ЕУ.

Зачлени се на нашиот е-билтен