Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дерала: Тричковски пишува со страст длабоко промислување, во безмилосен напад врз табуата, предрасудите и лажниот морал

„Тој е бестрашен и бескомпромисен писател кој се соочува со табуата, ги разоткрива невистините и го предизвикува статус квото во општеството. Многумина го споредуваат Тричковски со големи имиња од историјата и сегашноста во политичкиот и општествениот живот на големи земји. Сјоран и Шарли Ебдо се дел од тие споредби, што ја прават неговата појава и работа подеднакво значајна и влијателна за нашето општество како што била на тие големи имиња за тие општества. Тие споредби се ласкави и точни,“ порача новинарот и уредник Џабир Дерала, на промоцијата на новата книга на Бранко Тричковски, насловена ВМРО, МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ“.

Тој смета дека неговите колумни се своевидни општествени, културни и политички вивисекции кои одат далеку зад тоа што може да се види на прв поглед.

„Тричковски поседува ретка способност да ги анализира и разобличува мотивите, изворите и протагонистите на деструктивните, антидемократски и насилнички идеи и однесување во политиката и општествениот живот. Творештвото на Тричковски е исукан меч во безмилосен напад врз табуата и предрасудите, лажниот морал, фабрикуваната историја и гротеската на тапоглавците и криминалците во политичкото мочуриште во оваа земја. Во неговата супериорна интелектуална лабораторија се разобличуваат носителите на болестите и растројството во општеството, а воедно се нуди вакцина за секоја од тие болести… Тричковски е бескомпромисен и бестрашен, постојано во битка со непрегледната зомби пешадија на неписменоста, глупоста, лакомоста и злобата,“ порачува Дерала.

Според Дерала, секогаш кога се соочени со фактите на реалноста и со острите оценки за нивното деструктивно дејствување, овчарите се бранат со „експертизи“ и со „анкети“, барајќи од прогресивниот дел на општеството да ги „докаже“ своите тврдења.

„Значи тие од прогресивниот дел од општеството бараат докази за нивната деструктивност, глупост, неписмеснот итн. И тоа најчесто го прават преку своите канали за комуникација длабоко вкопани во медиумите и невладините и тинк-тенк организации. Тоа е како џелатот да бара од вас да му докажете дека е џелат. Вие сте ја му ја покажале главата од која шишти крв, која џелатот ја отсекол. А тој ви вели дека тоа е лага и дека вие сте предавник,“ посочува Дерала.

Најново