Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Десетгодишно девојче пронајдено живо 90 часа по земјотресот, досега регистрирани над 21.000 жртви во Турција и Сирија

Десетгодишно девојче е пронајдено живо деведесет часа по земјотресот што во понеделникот ја погоди Турција, соопштија спасувачки тимови, пренесува МИА. Според соопштение, првото нешто што девојчето го побарало откако било спасено било млеко. Таа била заробена под урнатините на зграда во провинцијата Хатај, јавија турски медиуми.

Спасувачки тим од Анталија слушнал „звук под урнатините“ и го спасил девојчето по седум часа работа. Девојчето било пренесено во болница за укажување лекарска помош.

Спасувачите се уште работат и по речиси 100 часа по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, каде загинаа најмалку 21.000 луѓе.

Во Турција, најмалку 17.674 луѓе загинаа, а 72.879 други се повредени. Во земјотресот загинаа најмалку 3.377 луѓе во соседна Сирија. (МИА)

Треба да знаете
Moже да ве интересира