Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дезинформациите треба да се сметаат како безбедносен проблем, порака од Конференција „Е-Општество“

На конференцијата „Е-Општество“ во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ на една од панел дискусиите се разговараше за опасноста од дезинформациите и справување со странски манипулации врз информации и нивно штетно влијание (ФИМИ).

Програмскиот координатор во Фондацијата „Метаморфозис“ Горан Ризаов порача дека фондацијата има направено свој аналитички извештај за она што во Македонија е направено во изминатите 10 години.

„За жал заклучивме дека ништо не е направено, иако претходната влада некоклку обиди да се справи со ФИМИ, имаше еден таков обид во 2019 но тоа беше доста неуспешно, беше одбиен за кратко време иако вклучуваше и стратегија за негова имплементација, но не беше добро комунициран и беше брзо одбиен со образложение дека е обид за цензура, што во реалноста не беше тоа. Од друга страна најактивни во справувањето со ФИМИ има граѓанскиот сектор кој има серија на активности но „Метаморфозис“ е водечка во ова. Ќе издвојам една таква иницијтива „Метаморфозис“ и други организации излегоа со конкретни препораки до владата, граѓанскиот сектор, медиумите и тоа беше прифатено од претходната влада, но беше прифатено пред изборите, а на изборите на 8 мај се смени владата и сега не знаеме како ќе реагира новата влада но има некои сигнали дека се подготвени да работат на тоа и да го прифатат тој принцип на вклученост на целото општесто и се надевам дека ќе биде така“ рече Ризаов.

Експертката за стратешки комуникации Светлана Силјановска во своето обраќање издвои три штетни наративи на ФИМИ, од кои според нејзе е најштетен оној кој ги одвраќа граѓани да го користат демократското право да бираат и да учествуваат во демократските процеси на избори, референдуми, попис и слично.

Според неа треба да се преземат низа општествени и системки чекори за да се дејствува против дезинформациите за кои и таа и другите учесници сметаат дека се еден вид на безбедносно прашање

„Некои земји имаат успешни методи во справување со ФИМИ, можеме да споделиме искуства со Финска, таму работат на медиумска писменост и на доверба на граѓаните кон институциите. Во овој момент граѓаните имаат епско ниска доверба во сите нас во граѓнскиот сектор, во медиумите, во институциите, во меѓунардини организации и полоша е довербата само во политичките партии“ рече Силјановска.

Никола Петровиќ извршен директор на Центарот за меѓународни и безбедносни прашања ISAC, тинк-тенк од Србија сподели искуства од Србија, наведувајќи дека дека преку ФИМИ, актуелната владејачка партија дополнително ја зацврстила власта.

„Ситуацијата со Нови Сад каде гледаме комплетно отсуство на одговорност, ме погодува, а она што мене постојано ме прогонува е што Србија денес е ксонофобична земја, антизападна земја, земја која е против секого. Денес граѓаните на Србија не веруваат во пријателства со други држави, освен пријателството со Русија веруваат и дека освен Македонија, ние сме опкружени со непријатели. И владејачката партија во таков контекст се поставува како единствен бранител на државата и затоа може да манипулира со сите генерации и слоеви на граѓани“ порача Петровиќ.

Активисти од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово кои се вклучија во панел дискусијата споделија сведоштва од нивните држави за штетни влијанија кои доаѓаат од Србија, Русија, но и од Кина.

Џована Флек, уредник и проект менаџер, Глобал војсис, порача дека ФИМИ во себе содржат аспекти кои продуцираат поделби и националистичка реторика, дека дезинформациите постојат отсекогаш но дека сега пробиваат на различни начини и дека медиумската писменост но и посветеноста на новинарите е клучот во борбата против дезинформациите.

Зачлени се на нашиот е-билтен