Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дезинформација е дека Груби не се поклонил пред гробот на Делчев

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки дезинформира дека вицепремиерот Артан Груби не се поклонил пред Гоце Делчев

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки дезинформира дека вицепремиерот Артан Груби не се поклони на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев.

Оваа дезинформација на Ковачки ја споделија неколку портали блиски до опозицијата дека во црквата Св. Спас „убаво се гледа дека само Груби не му оддава чест на македонскиот револуционер и дека со тоа го понижува најсветлиот лик од македонската историја“.

Всушност, вистината е дека вицепремиерот Артан Груби му оддаде почит и се поклони пред гробот на Гоце Делчев, заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Ова е само една од низата дезинформации што се објавуваа пред и во текот на чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Зачлени се на нашиот е-билтен