Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ДФРМ: Нема конфликт на интереси со именувањето на Бранко Петровски за член на УО во Агенцијата за филм

Друштвото на филмски работници со соопштение до медиумите, ги демантира информациите изнесени во јавноста дека постои конфликт на интерес во изборот на Бранко Петровски за член на Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ.

Бранко Петровски повеќе не е член на Надзорниот одбор на ДФРМ, а со започнувањето на 2024 година, не е на ниту еден начин ангажиран во Агенцијата за филм, се вели во сооптението на ДФРМ.

Според законската обврска, Друштвото на филмски работници номинира член во
Управниот одбор на Агенцијата за филм на РСМ, и во новоизбраниот состав тоа е
Бранко Петровски, појаснуваат од ДФРМ.

Бранко Петровски е искусен и докажан професионалец во филмската дејност,
почитуван во фелата и со особено искуство на домашен и меѓународен план во
доменот на евалуација на филмски проекти, вклучувајќи и ангажман во европскиот
филмски фонд „Еуримаж“.

Зачлени се на нашиот е-билтен