Додека другите се борат со сајбер-напади, нашиот аеродром кубури со расипана опрема

Единствениот исправен радар на Контролата на летање на Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром се расипа вчера утро, што ја доведе вкупната радарска функција за малите височини во критична состојба. Контролорите сега не можат да ги следат авионите кога слетуваат и мора да ги отпуштат еден по еден додека не пристигне резервниот дел од Италија.

Според директорот на М-НАВ, Владимир Ристески,кој за СДК изјави дека нема безбедносен ризик, но се очекува побавно темпо во операциите. „Клучната промена е регулацијата на бројот на авиони што можат да се опслужат на еден час“, рече тој.

М-НАВ располага со три радарски единици — две на Скопскиот аеродром и една над Охрид. Првиот од двата скопски радара веќе подолг период имаше технички проблеми, а вториот што досега беше исправен, сега се расипа.

Контролорите на летање претходно побараа нова опрема, потенцирајќи дека не само радарите, туку и софтверот и другите системи се застарени. По гаранции од менаџментот дека новата опрема ќе биде инсталирана, штрајкот беше одложен. Сепак, дефектот доаѓа само три месеци по последниот сличен инцидент.

Ристески во изјавата за СДК објасни дека на договорот со синдикатот ќе се работи по завршувањето на сезона со густ сообраќај — во зимските месеци — кога бројот на полетувања и слетувања значително ќе се намали. Новата опрема, според него, веќе е набавена, но не е инсталирана поради одложувања од добавувачот, кој при тоа платил пенали.

Овој случај ја открива ранливоста на инфраструктурата на аеродромот, особено откако многу други аеродроми низ светот се соочуваат со сајбер-напади и дигитални закани. За разлика од нив, Скопје има технички проблем што го попречува нормалното функционирање.

Зачлени се на нашиот е-билтен