Движењето „Ниту една повеќе“ одржа протест пред Собрание

Движењето „Ниту една повеќе“ одржа протест пред Собрание

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и мноигу други случаи на фемициди кои според нив имаат несоодветен третман од институциите.

Учесниците во протестот посочија дека жените во оваа држава, како и во светот, не се заштитени.

„Наместо да се плашиме која ќе биде следна, тука сме да кажеме – ниту една повеќе“, беше кажано на настанот.

На протестот повторно беа побарани измени во Кривичниот законик, како и насилството врз жените да се гони по службена должност, а беше и најавено дека вакви собири се планира да се одржуваат секој четврток.

Испратен беше повик сите заинтересирани да го кажат своето искуство на темата и да ја споделат својата приказна.

Зачлени се на нашиот е-билтен