Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Една жена загина на протестите на земјоделците во Франција

– Француските земјоделци на трактори и во камиони денеска ги проширија блокадите на патиштата, предизвикувајќи бројни застои во сообраќајот и еден смртен случај, а синдикатите ја повикаа Владата да ги реши нивните барања за помали трошоци и помала регулација.

„Нема да ги укинеме блокадите на патиштата додека премиерот не изнесе многу конкретни предлози… Времето за разговори заврши, време е за акција“, рече Арно Гало, шеф на синдикатот Млади земјоделци.

Зголеменото незадоволство, кое се прелеа од соседните земји, доаѓа во момент кога кампањата за европските избори се забрзува и е првиот голем предизвик за новиот премиер Габриел Атал.

Неколку часа откако синоќа лидерите на синдикатот се сретнаа со Атал, нов конвој трактори ги блокираа патиштата во текот на ноќта, вклучувајќи го и автопатот А7 во јужна Франција. 

Полицијата соопшти дека една жена загинала, а две лица се тешко повредени кога автомобил удрил во блокада во југозападниот регион Ариеге.

„Во овој момент на висока тензија, ги повикувам сите да бидат смирени и разумни“, изјави Арно Русо, шеф на синдикатот ФНСА, за радиото РМЦ.

Француските земјоделци протестираат против ценовниот притисок на трговците на мало кои сакаат да ја намалат инфлацијата и построгите еколошки прописи, што предизвика протести низ Европа.

Најново