Едно лице загина, а едно е повредено во несреќа со жичарница во Црна Гора

Тешка несреќа се случила денес во Црна Гора на жичарницата кај Савин Кук на Дурмитор кога странски турист падна од корпата на стрмниот, втор дел.

Според првичните извештаи, еден маж загинал, додека една жена е повредена, но свесна и комуникативна.

Причините за несреќата допрва ќе се утврдуваат, а првичните извештаи укажуваат дека имало дефект на жичарницата во втората делница што води до Савин Кук.

Според овие информации, кошничката во која се наоѓале туристите почнала да се лизга наназад.

Зачлени се на нашиот е-билтен