ЕК ќе обезбеди 68 милони евра за поддршка на Палестинците и уште 50 милиони евра за УНРВА

 Европската комисија најави дека ќе додели дополнителни 68 милиони евра за поддршка на Палестинците и следната недела ќе ослободи 50 милиони евра за Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (UNWRA).

Забележано е дека со овие одлуки се надополнува намерата годинава на УНРВА да и се обезбедат 82 милиони евра. До крајот на годинава ЕУ на Палестинците им обезбедува хуманитарна помош за 125 милиони евра.

Комисијата додаде дека агенцијата на ОН е посветена на проверката на наводите дека нејзиниот персонал бил вмешан во нападот врз Израел на 7 октомври минатата година и на темелната проверка на целиот нејзин персонал. Кога ќе се исполнат овие обврски, агенцијата ќе добие пристап до уште 16 милиони евра од ЕУ, се додава во соопштението на ЕК.

Зачлени се на нашиот е-билтен