Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕК нема да се рекламира на Икс, но ќе продолжи да ја користи социјалната мрежа

 Европската комисија потврди дека ќе престане да ја користи рекламната услуга на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Портпаролот на ЕК наведе дека  изминатиот период забележале алармантно зголемување на случаите на говор на омраза и дезинформации на некои социјални мрежи.

– Им препорачуваме на службите на ЕК да се воздржат од реклами засега на наведената платформа. Загрижени сме што нашите пораки се појавуваат во несоодветни контексти и тоа влијае на нашата комуникација, посочи портпаролот на ЕК.

Тој истакна дека ЕК испратила прашања до Икс поврзани со манифестации на антисемитизам.

Според портпаролот на ЕК, одлуката за прекин на платените огласи не е поврзана со целокупното присуство на Комисијата на платформата Икс.

Филипинскиот пре

Зачлени се на нашиот е-билтен