Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Екс амбасадорот Коснет: Србија е длабоко во прегратките на Русија и Кина, а Косово се третира како непослушно дете

Поранешниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет ги оцени како неуспешни напорите на меѓународната заедница да ја привлече Србија кон Западот, додека го критикува, според него, погрешното однесување кон Косово.

Во интервју за „Еурактив“ (Euractiv.com), кое го пренесуваат медиумите во Приштина, Коснет изјави дека Србија е „очигледно влезена длабоко во прегратките на Русија и Кина“.

– Мислам дека Србија е очигледно влезена длабоко во прегратките на Русија и Кина. Значи, какви и да се напорите што меѓународниците ги преземаа сите овие години за да го повлечат Белград кон Запад, сè уште не покажаа никакви резултати, рече Коснет.

Коснет, кој беше амбасадор од 2018 до 2021 година, вели дека последните 15-20 години напори да се постигне договор меѓу Косово и Србија, постоела некаква тенденција на фрустрирање во однос на Косово, кое се третира како „непоослушните деца кои мора да прават како што им е кажано“.

– Ова, во комбинација со идејата дека Србија е најважна во регионот и дека треба „да ја прибереме во европското јато и да не ја туркаме во прегратките на Русија и Кина“, не беше најмудриот пристап, додаде тој.

Според поранешниот амбасадор, Русија активно се обидува да го дестабилизира Западен Балкан, додека нагласува дека признавањето на Косово од петте земји на ЕУ кои сé уште не го признале „би било важна манифестација на европската и западната солидарност“.

– Мислам дека ова ќе биде добро време за САД и Европската унија да упатат силен апел до оние европски земји кои се членки на НАТО кои не го признаа Косово да го сторат тоа, додаде Коснет.

Американскиот дипломат, кој моментално е виш соработник за трансатлантската програма за одбрана и безбедност во Центарот за анализа на европската политика, истакна дека Европа и Западот треба да бидат пореални. Според него, воведувањето санкции на Косово и можноста за санкционирање на Србија, не се најдоброто решение.

– Морковите се поефикасни од стапчињата, стимулациите се поефикасни од заканите во дипломатијата. И двете имаат свое место, но мислам дека би било подобро меѓународната заедница да се фокусира на економски, политички и безбедносни стимулации, наместо на санкции, заклучи поранешниот американски амбасадор во Косово, Филип Коснет во интервјуто за „Еурактив“.

Зачлени се на нашиот е-билтен