Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕСМ ќе ја подобрува ликвидноста со кредит од пет милијарди денари

За да ја подобри ликвидноста, кредит од 82 милиони евра ( пет милијарди денари) ќе побара АД ЕСМ од четирите домашни деловни банки – Комерцијална банка, Стопанска банка, Халк банка и Уни

Одлуката ја донесла владата на седницата на 8 октомври и го задолжила Министерството за финансии да издаде државна гаранција за финансиските обврски што државните електрани ќе ги имаат преку договорот за синдициран кредит, пишува Фактор.мк

Рокот на отплата ќе биде до десет години со вклучени две години грејс период и договорна камата по каматна стапка во висина на актуелната референтна стапка, но зголемена за каматна маржа од, како што пишува во одлуката „2,0 процентни поени, годишно, декурзивно, но не помалку од 4,2 проценти годишно, доколку АД ЕСМ не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот“

Зачлени се на нашиот е-билтен