ЕУ до кандидатките: изберете страна пред членство — порача комесарката Марта Кос

This photo is free to use under Creative Commons license CC-BY-4.0 and must be credited: “CC-BY-4.0: © European Union 2024– Source: EP”.


Пораката од Брисел е недвосмислена: земјите што чекаат на членство мора да донесат геополитичка одлука и да се усогласат со ЕУ по клучните прашања уште пред влезот. Еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за „Euronews“, по објавата на годишниот пакет, рече дека кандидатките треба да „изберат страна“ и да се порамнат со надворешната и безбедносната политика на Унијата, вклучително и санкциите. Нејзината изјава доаѓа на 7 ноември 2025 и ја кристализира новата реалност на проширувањето во услови на војна и геополитички блокови.

Кос побара и политички импулс од земјите-членки за да се одмрзне процесот поради ветото на Виктор Орбан за Украина, кое го стопира отворањето на преговарачки кластери и има ефект и врз Молдавија. Во пакетот, Европската комисија ги посочува Црна Гора и Албанија како најнапредни во колона, ја пофали реформската динамика на Молдавија, а од Киев бара продолжување на антикорупциската агенда, признавајќи „значителен напредок“ во воени услови.

За Србија, оценката е остро формулирана: назадување во владеење на правото и прекумерна полициска сила кон демонстранти; надворешната политика на претседателот Вучиќ — од односите со Русија до санкциите — е во спротивност со ЕУ-агендата, рече Кос, нагласувајќи дека „ништо не се случува без претседателот“ и дека има влошувања на слободата на медиуми, академска слобода и правото на протест. Паралелно, за Грузија оценката е дека е „кандидат само по име“ поради сериозно ерозирање на владеењето на правото и основните права.

Преведено на регионален јазик, „изберете страна“ значи усогласување со санкциите кон Русија/Белорусија, јасна линија кон авторитарни влијанија и бетонски резултати во борбата со корупцијата и заробените институции. За Скопје и другите кандидати, ова е сигнал дека техничките чек-листи не се доволни без видлив политички компас: реформите мора да се преточат во предвидлива правна држава, слободни медиуми и усогласена надворешна политика — пред церемонијата на членство, не по неа.

Зачлени се на нашиот е-билтен