Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ го дополни кривичниот законик со уште 9 кривични прекршоци за штети на животната средина

Претседателството на Советот на ЕУ и преговарачите на Европскиот парламент постигнаа договор за текстот на законската регулатива на Унијата за санкционирање на прекршоци поврзани со нанесување штети на животната средина, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според еврокомесарот за животна средина Виргиниус Синкевичиус, кој во име на Европската комисија е формален предлагач на директивата, со ние ЕУ ќе ја засили својата акција за еколошка заштита и санкционирање на загадувачите на животната средина. 

– Криминалците предолго време профитираа поради ниските казни и неспроведувањето на одредбите, нагласи Синкевичиус.

Главниот преговарач во името на Европскиот парламент, германскиот европратеник Антониус Мандерс изјави дека со новата регулатива оние што загадуваат ќе платата за своите дела. 

За забрзување на долгата процедура за усвојување на законските предлози, директивите или регулативите во Европската Унија, институциите на ЕУ го воведоа методот наречен „тријалог“ меѓу Европс

– Борбата против загадувањето, кое често е наднационално, бара усогласени, одвраќачки и ефективни санкции за да се спречат нови еколошки злосторства на ниво на ЕУ, нагласи Мандерс по постигнувањето на договорот. 

Новата директива има за цел да воспостави минимални правила за дефинирање на кривичните дела и санкции поврзани со животната средина, заменувајќи ја досегашната законска регулатива за оваа сфера усвоена во 2008 година. Предложената директивата попрецизно го дефинира поимот еколошки криминал, вклучува нови кривични дела поврзани со животната средина и предвидува соодветни казни за нивните сторители, како за физички, така и за правни лица. 

Со новата регулатива се предвидува бројот на прекршоци поврзани со животната средина да се зголеми од сегашните девет на 18, меѓу кои се и илегална трговија со дрва, незаконско рециклирање на штетни материјали на бродови, непочитување на законодавството за хемикалии, рекламирање на производи поврзани со уништување на шумите, загадување на морињата и нелегално црпење на вода. 

На листата на кривични дела е додаден и прекршок, кој според дефиницијата е близок до меѓународната квалификација на екоцидот. Според глобалната дефиниција, екоцидот претставува кривично дело кое предизвикува масовното уништување на животната средина со што се загрозуваат хумани заедници кои зависат од природните ресурси за одржување на екосистемите и се ограничува нивната способност за развој на идните генерации. 

Турскиот акционен план и стратегија за борба против ефектите од климатските промени предвидуваат намалување на емисиите на стакленички гасови до 21 процент до 2030 година, изјави претседатело

Француската европратеничка Мари Тусен, која беше дел од преговарачкиот тим на Европарламентот, истакна дека ова претставува победа на приврзаниците на идејата за глобална криминализација на екоцидот. 

– ЕУ ги поставува темелите за признавање на екоцидот. Прекршокот дефиниран како најтешко злосторство е многу близок до дефиницијата на Меѓународната комисија на правници за екоцидот, додаде Тусен. 

Директивата го воведува терминот „оквалификуван прекршок“ кој се однесува на намерно извршени кривични дела со кои е предизвикано уништување, неповратна, обемна или значителна штета или долгорочно, обемно и суштинско оштетување на екосистем со значителна големина или еколошка вредност и на природно живеалиште во заштитена зона или штети на квалитетот на воздухот, почвата или водата. 

Во морињата и океаните сме фрлиле над 150 милиони тони пластика. Ова се податоци што предизвикуваат шок, но и страв и загриженост за последиците по екосистемот на кои сме сведоци во последнит

За физичките лица сторители на „намерни прекршоци кои резултираат со смрт“ се предвидува максимална затворска казна од најмалку 10 години, за „оквалификуван прекршок што предизвикува катастрофални последици“ максималната казна затвор изнесува најмалку осум години, за „прекршоци сторени од сериозно невнимание кои имаат смртна последица“ се одредува максимална казна од најмалку пет години затвор, а за сите други „намерни дела“ максимална затворска казна се движи најмалку од три до пет години.

Во однос на правните лица за „најтешки прекршоци“ врз животната средина се предвидува парична казна од најмалку пет отсто од вкупниот глобален промет на субјектот или алтернативно 40 милиони евра, а за сите други „еколошки прекршоци“ предвидената максимална парична казна изнесува најмалку три проценти од глобалниот вкупен промет или алтернативно 24 милиони евра. 

Директивата предвидува и дополнителни мерки, вклучително и обврска на сторителот да ја врати животната средина во првобитна состојба, да ја надомести предизвиканата штетата, забрана за пристап до јавното финансирање или одземање на дозволи или овластувања. 

Емисијата на јаглерод диоксид во текот на оваа година ќе се намали за околу 2,6 милијарди тони, што претставува шест пати поголем пад отколку по светската економска криза во 2008-09 година и

Регулативата содржи и одредби за поддршка и помош на лицата кои пријавуваат еколошки прекршоци, за активистите за заштита на животната средина, како и за лицата директно погодени од сторените кривични дела. 

Усогласувањето на текстот на директивата го поздравија голем број организации и активисти за заштита на животна средина. 

Според Одри Шамбоде од Канцеларијата за Европа на Светскиот фонд за природата (ВВФ), со договорениот компромисен текст е постигнат „висок интегритет и севкупна амбиција“ за справување со сторителите на кривични дела против животната средина. 

– Воведувањето на повисоки санкции за најтешките еколошки злосторства го зајакнува законот и на надлежните органи ќе им обезбеди нова алатка во нивниот арсенал, додаде Шамбоде. 

Сепак, таа изрази жалење што во директивата како казниво дело не е вклучени и незаконскиот, непријавен и нерегулиран риболов. 

ЕУ нагласува дека еколошкиот криминал е една од најпрофитабилните организирани криминални активности во светот и има големо влијание не само врз животната средина, туку и врз здравјето на луѓето и иако тој е многу профитабилен, тешко се открива, гони и казнува. 

Се очекува во следниве недели усогласената директивата да биде одобрена од земјите членки на ЕУ, по што таа формално треба да биде усвоена во Европскиот парламент во февруари 2024 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен