Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ се надеваме дека Турција е свесна оти постои меѓународна потерница по Путин, порача Стано 

 Рускиот претседател Владимир Путин е баран од Меѓународниот кривичен суд и постои потерница по него во врска со бруталната и нехумана агресија врз Украина, врз европската стабилност и врз глобалниот поредок базиран на правила и се надевам дека нашите турски партнери се свесни за тоа, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано, во коментар на најавената посета на Путин на Турција. 

Запрашан дали ЕУ очекува Турција да го уапси Путин, Стано изјави дека потписничките на Римскиот статут на Судот се должни да ги почитуваат неговите потерници, но дека не е на ЕУ да кажува кој што треба да прави. 

Инаку, според податоците на ОН, Турција не е меѓу земјите потписници на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд. 

Стано нагласи дека Турција прави напори да придонесе за мир во Украина, но дека руската страна засега е некредибилна и се што предлага како мировно решение е несериозно и покриено со константа ескалација на конфликтот и насилство врз луѓето во Украина. 

ЕУ поддржува секаква кредибилна иницијатива што би можела да доведе до праведен мир во Украина во согласност со меѓународното право и почитување на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, но сето она што доаѓа од Кремљ како понуда за мир е целосно некредибилно и несериозно, додаде Стано.  

На прашање во врска со можното „руско мешање“ на претстојните избори во ЕУ, Стано истакна дека Унијата работи на тоа да се заштити од странски влијанија, но најголем дел од одговорноста е на земјите членки од кои очекува да преземат мерки за заштита на претстојните избори од обиди за странско мешање.  

– Во минатото веќе видовме манипулации, влијанија, хибридни закани и мешање во изборите насочени против ЕУ, додаде Стано. 

Зачлени се на нашиот е-билтен