Европската Унија е згрозена од уривањето на училиштето финансирано од ЕУ и од Франција од страна на Израел, кое е во изградба во селото Акаба, во северниот дел на Западниот Брег, изјави денеска портпарол на ЕУ.
Училиштето ќе им служи на стотици палестински ученици од различни заедници, рече портпаролот.
„ЕУ очекува нејзините инвестиции во поддршка на палестинскиот народ да бидат заштитени од штети и уривање од страна на Израел, во согласност со меѓународното право“, се вели во соопштението.
Франција, исто така, го осуди уривањето на училиштето и „ги повика израелските власти да преземат одговорност за овој чин“.