Еврпската комисија во Извештајот за напредокот на Македонија, порачува дека иако правната рамка е задоволителна, управните спорови и понатаму се соочуваат со неразумни одложувања.
Жалбените постапки остануваат сложени и долги со повеќето одлуки засновани на процедурални размислувања, а не на основаност. Законодавството ги утврдува правата на граѓаните да бараат компензација и одговорноста на јавните власти во случаи на неправилност, пишува во Извештајот.