Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Европскиот фронт“ – единствена алтернатива за државата, се очекува проширување на оваа коалиција

Партиите од парламентарното мнозинство во пресрет на парламентарните избори на 8 мај напорно работат на проширување на „Фронтот за Европа“. Одлуката на Централното собрание на третиот поголем коалициски партнер, Алијансата за Албанците, да се приклучи на фронтот ја чекаат и двете најголеми партии од парламентарното мнозинство, СДСМ и ДУИ.

Целта на „Фронтот за Европа“ е да го зачува, негува и продолжи европското патување на земјата и да не дозволи деструктивни (проруски) сили да го закочат овој политички курс на државата.
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека сите кои се заинтересирани за евроинтеграции се добредојдени на „Европскиот фронт“.

– Првиот човек што го спомна европскиот фронт сум јас, на трибините на СДСМ, пред година, година и половина и верувам дека единствена алтернатива за нашата земја е членството во ЕУ, сè друго е утопија и популизам, изјави Ковачевски.

Тој информираше дека имал средби со лидерите на Алијанса за Албанците и на ДУИ, Арбен Таравари и Али Ахмети.

– Договорот бара усогласување на многу елементи, за што оценувам дека има добра основа, ќе оставиме на времето пред нас да покаже како ќе биде конечниот исход и на листите и на изборите, потенцира тој.

Првиот вицепремиер на Владата и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, во своето последно телевизиско гостување, зборувајќи за „Европскиот фронт“ и за престојните парламентарни изборите, рече дека „Фронтот“ ќе биде победник на парламентарната избори на 8-ми мај и тоа, како што нагласи, со убедлива победа.

– Имаше средба меѓу господинот Ахмети и господинот Ковачевски, разговараа и ја разгледуваме најдобрата можност. Мерењата докажуваат дека „Европски фронт“, СДСМ, ДУИ, Алијанса и другите политички партии се победници на изборите, дури и со убедлива победа, бидејќи тоа го чекаат граѓаните. Разговорите продолжуваат, за нас сите опции се отворени. Дури и заеднички фронт, СДСМ, ДУИ, АА, како и ДУИ, АА, ДПА, ДЕП, ДП, има и опција ДУИ сама да оди на избори. Сите опции се моментално отворени и се на преговарачка маса, изјави Груби.

Од друга страна, лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, изјави дека Европскиот сојуз за промени (ЕСП) е на интензивни средби со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Според Меџит, останува Таравар и АА да одлучат дали ќе се приклучат на опозицијата или ќе продолжат да останат со, како што рече, владината опција.

– На интензивни средби сме со претседателот на Алијансата за Албанците, господинот Таравари, кој во дебатата во Алијансата, во органите на оваа партија ќе одлучи дали ќе премине во опозиција или ќе остане со владината опција. Албанската опозиција и овие четири субјекти што сме во рамките на албанската опозиција, не сме зборувале за бројки. Ги надминавме поединечните бои, партиските бои. Фокусот е префрлен на она што го бараат граѓаните, па да ја донесеме промената, изјави Меџити.

Во меѓувреме, во јавноста се „шушкаше“ дека поранешниот градоначалник на општина Гостивар и на Националната демократска преродба (НДП), Руфи Османи може да биде кандидат на албанската опозиција на претседателските избори на 24 април, реакција стигна од самиот апострофиран, кој нагласи дека ги демантира информаците како целосно неосновани.

– Во однос на последните информации за мојата наводна кандидатура за претседател на државата, ги демантирам информаците како целосно неосновани. Не сум имал никакви дискусии и нема да имам никакви дебати со ниту една политичка партија, без разлика дали е на позицијата или на опозицијата, изјави Руфи Османи.

Дестан Јонузи (Фронтлајн)

Треба да знаете
Moже да ве интересира