Фејсбук тастерите исчезнуваат од интернет: Еве што ќе се случи со „Like“ и „Comment“!

Мета потврди дека на 10 февруари 2026 година, овие функции ќе престанат да работат, и со ваквиот потег ќе го затвори долгогодишното поглавје во социјалните интеракции на интернет.

Од социјалната мрежа Фејсбук, за околу два месеци Мета ќе ги укинува додатоците „Like“ и „Comment“. Со ваквиот чекор на раководството на Фејсбук, завршува 15-годишната ера на овие функции. Од февруари 2026 година, овие тастери нема повеќе да бидат видливи надвор од самата платформа, а страниците нема да имаат технички проблеми.

По 15 години, Фејсбук и официјално ќе се збогува со своите најпрепознатливи екстензии, тастерите „Like“ и „Comment“ на надворешните веб-страници. Мета веќе потврди дека на 10 февруари 2026 година, овие функции ќе престанат да работат, и дека со ваквиот потег ќе го затвори долгогодишното поглавје во социјалните интеракции на интернет.

Овие долговечни функции на корисниците им овозможија 15 години, користејќи ги своите фб сметки да лајкуваат и коментираат содржини на блогови, медиумски портали и други страници, со што создаваа мост помеѓу социјалната мрежа и интернетот во целина.

Додатоци за „Like“ и „Comment“ беа лансирани од Фејсбук во 2010 година, и веднаш станаа клучен дел од онлајн интеракцијата. Нивното присуство на различни страници го променија начинот на кој корисниците комуницираат со содржината, овозможувајќи моментална повратна информација и увид во популарноста на објавите.

Сепак, како што се менуваа навиките на корисниците и се појавуваа посовремени начини на интеракција, популарноста на овие копчиња значително се намали. Мета наведува дека отстранувањето на додатоците е дел од стратегијата за подобрување на корисничкото искуство и преминување кон посовремени алатки.

Што значи отстранувањето на додатоците на страницата?

Иако копчињата „Ми се допаѓа“ и „Коментирај“ ќе исчезнат од надворешните страници, Мета ветува дека нема да има грешки во кодот или проблеми со функционирањето на веб-страниците. Програмерите нема да треба да преземат никакви задолжителни технички чекори, иако им се препорачува рачно да ги отстранат застарените додатоци за поуреден приказ на страницата.

На овој начин, преминот од стари кон нови функции ќе се изврши непречено, без да се загрози постоечката содржина или корисничкото искуство. Корисниците ќе можат да продолжат да комуницираат на страниците додека новите системи постепено ќе се воведуваат во позадина.

Петнаесет години дигитална историја се ближат кон крајот

Одлуката на Мета го означува крајот на една од најдолготрајните и највлијателни функции на Фејсбук. Копчињата „Like“ и „Comment“ повеќе нема да бидат дел од секојдневното искуство на корисникот на интернет, со што се затвора едно поглавје во дигиталната еволуција на социјалните мрежи.

Овие додатоци некогаш претставуваа револуција во поврзувањето на корисниците со интернет содржини, а сега остануваат симбол на дигиталната историја и почеток на нов пристап кон онлајн интеракцијата и ангажманот.

Што доаѓа по „Like“ и „Comment“?

Meta се свртува кон посовремени начини на интеракција и дигитален ангажман. Новите алатки и функционалности ќе бидат дизајнирани за да се овозможи побрза и посовремена комуникација, со фокус на приватноста и персонализацијата на корисничкото искуство.

Корисниците и програмерите ќе мора да се прилагодат на промените, но дигиталната револуција продолжува да се развива, оставајќи ги зад себе иконските додатоци „Like“ и „Comment“ кои го обликуваа социјалниот интернет повеќе од една деценија.

Зачлени се на нашиот е-билтен