Д-р Венко Филипче, при вчерашната посета на Прилеп како носител на листа во Изборната единица 4, се сретна со повеќе млади лица од општината. Тој им порача дека тие самите треба да нудат конкретни предлог решенија, а не да констатираат дека нешто не чини.
„Вие мора да понудите сериозни решенија, а ние ќе најдеме начин да ги реализираме. Вие треба да сте креатори на политиките кои вас ве засегаат, а ние да ве поддржиме во спроведувањето“, им рече Филипче.
Тој направите споредба со младите лекари, на кои, како што рече, секогаш им вели дека сè што им треба, треба да го бараат гласно, а не да чекаат некој друг да им го даде на тацна.
„Ако наидете на затворена врата, ќе влезете преку прозор. Нема друг начин да ги остварите вашите права. Не ја пропуштајте можноста да ги водите промените“, рече д-р Филипче пред младите.
Тој им порача и дека не постои брза приказна за успех, но постои можност со амбиција да го постигнат зацртаното.
„Многу скоро ќе дојде време кога вашите генерации ќе треба да ја преземат одговорноста во државата, затоа во вас СДСМ гледа идни носители на развој на македонското општество“, додаде Филипче.