Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Вклучување на сите, не само на нови кадри во партијата

Квалитетни кадри, млади и независни експерти кои ќе донесат свежина, но и членови на минатите раководства  на партијата, кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче најавува дека во СДСМ ќе бидат добредојдени сите кои сакаат да придонесат за партијата. Професор д-р Филипче вечерва се сретна со сопартијците од скопските општини Карпош и Ѓорче Петров.

,,Често слушам дека се потребни нови луѓе во партијата, но и дека сите треба да си одат и дојдат целосно нови. Ова е многу исклучувачка политика која ги генерализира проблемите во партијата. Со овој став се етикетира и исклучува огромно мнозинство на луѓе кои дале придонес во минатото. Јас сметам дека секако нови луѓе се потребни. Ако бидам избран за претседател ќе развијам модел на привлекување квалитетни кадри, на млади и независни експерти кои ќе донесат свежина“-рече Филипче.

Кандидатот за претседател на СДСМ, пред членството истакна дека партијата треба да се отвори за членови на минатите раководства.

,,За секој кој искрено сака и може да помогне да ја подигнеме на нозе и да ги промовираме вредностите на социјалдемократијата”, рече д-р Филипче.

Тој истакна дека СДСМ е партија со голема историја. Во изминатите 30 години во и околу СДСМ гравитирале врвни професионалци, социјадемократи и интелектуалци кои никако не смее да бидат отпишани.

,,Во услови кога има се помалку луѓе кои сакаат да се вклучуваат во политиката, треба да се искористи целиот човечки потенцијал кој го има партијата“, рече Венко Филипче.

,,Ако бидам избран за претседател ќе развијам модел на привлекување квалитетни кадри, на млади и независни експерти кои ќе донесат свежина. Но, да не заборавиме дека СДСМ е партија со голема историја. Во изминатите 30 години во и околу СДСМ гравитирале врвни професионалци, социјадемократи и интелектуалци кои никако не смееме да ги отпишеме”-рече Филипче.

Зачлени се на нашиот е-билтен