Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен на КОП28: Глобалните емисии на стакленички гасови мора да достигнат врв до 2025 година

Урсула фон дер Лајен

 Глобалните емисии на стакленички гасови мора да достигнат врв до 2025 година. Мораме постепено да ги исфрлиме фосилните горива и мора да ги намалиме емисиите на метан“, рече денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говорејќи на конференцијата на ОН за климата КOP28 во Дубаи.

Таа нагласи дека емисиите веќе го достигнале својот врв во Европската унија и дека блокот е на пат да ја надмине целта за намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 отсто до 2030 година.

„Нема сомнеж: иднината на енергијата ќе биде чиста, ќе биде достапна…“, изјави Фон дер Лајен.

Таа повика на глобално тројно зголемување на обновливите извори на енергија и двојно зголемување на енергетската ефикасност до 2030 година.

Најново