Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ФОТО) Масовни гробници во Турција – времето за спасувачките мисии истекува

(Принтскрин: Еуроњуз)

Антакија, во југоисточна Турција, нема простор на своите гробишта за да ги погреба загинатите во земјотресот минатата недела.

Жителите на градот ги повикаа властите да создадат нови погребални места за нивните најблиски.

Меѓународниот дописник на Еуроњуз, Анелиз Борхес, известува од Антакија дека масовните гробници почнуваат да се појавуваат низ различни делови на градот.

Масовна гробница во Антакија (Принтскрин: Еуроњуз)

Се земаат примероци од ДНК од неидентификувани и тела без придружба кои пристигнуваат до масовните гробници, за да можат нивните семејства подоцна да ги идентификуваат.

Антакија во југоисточна Турција беше една од најтешко погодените области од земјотресот на 6 февруари. А напорите за пребарување и спасување влегоа во последните часови, бидејќи помина повеќе од една недела од земјотресот, а температурите достигнаа -6 степени Целзиусови.

Според претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, повеќе од 35.000 луѓе загинале во земјотресите, а повредени се уште 105.505 лица.

Масовна гробница во Антакија, Турција (Принтскрин: Еуроњуз)

Се очекува бројот да се зголеми, што ќе ја направи најсмртоносната катастрофа во земјата во еден век.

Во соседна Сирија се регистрирани уште околу 3.700 смртни случаи, со што вкупната бројка достигна над 39.000 лица.

Подготви: А. Р. (Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен