Германија планира да ги намали бенефициите за новодојдените украински бегалци

Коалициската влада на Германија планира да ги намали државните бенефиции за новодојдените украински бегалци, според нацрт-законот во кој имаа увид западни медиуми.

Таа мерка, според проценките, би можела да резултира со намалување од 100 евра месечно по бегалец.

Украинските бегалци што пристигнуваат во Германија имаат корист од Директивата за привремена помош на Европската унија, што им овозможува директно да аплицираат за социјална помош без да поминат низ постапката за азил. 

Според нацрт-законот, Украинците што пристигнуваат во Германија од 1 април 2025 година повеќе нема да добиваат надомест за граѓани, туку наместо тоа ќе добиваат бенефиции според Законот за бенефиции за баратели на азил, кои се пониски.

Во Германија живеат околу 1,25 милиони бегалци од Украина, а околу 21.000 влегле во земјата за прв пат помеѓу 1 април и 30 јуни 2025 година, според владини бројки.
Предлог-законот бара одобрение од кабинетот и горниот дом на парламентот пред да стапи на сила до крајот на годината. 

Зачлени се на нашиот е-билтен