Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Германскиот извоз во јануари се зголеми за 6,3 отсто, што е најмногу во последните 11 месеци

 Вредноста на германскиот извоз се зголеми за 6,3 отсто на 135,6 милијарди евра во јануари и беше највисока во изминатите 11 месеци, објави денеска германскиот Сојузен завод за статистика Дестатис.

Пазарите очекуваа значително подобар месечен раст од 1,5 отсто. Извозот во Европската унија се зголеми месечно за 8,9 отсто, извозот во Кина за 7,8 отсто, а извозот во Русија за 1,6 отсто, објавено е на веб-страницата на Дестатис.

За разлика од нив, извозот во САД е намален за 1,7 отсто месечно, а извозот во Велика Британија за 8,1 отсто. Истовремено, Германија во јануари 2024 година увезла стоки во вредност од 108 милијарди евра, така што надворешно-трговскиот биланс за првиот месец од 2024 година се затвори со суфицит од 27,5 милијарди евра. 

Во јануари Кина извезла стока во Германија во вредност од 10,4 милијарди евра, што е за 11,1 отсто помалку од декември 2023 година. Вредноста на германскиот увоз од САД се намали месечно за 5,2 отсто на 7,8 милијарди евра, а увозот од Велика Британија е зголемен за 18,4 отсто на 3,1 милијарди евра. 

Зачлени се на нашиот е-билтен