Голем граѓански протест и вечерва се одржува во Нови Сад, Србија поради несреќата која се случи на 1 ноември, кога натстрешница на Железничката станица се урна и загинаа 14 луѓе.
Организаторите бараат сите оние кои се директно и индиректно виновни за трагедијата што се случи на 1 ноември, да дадат оставка, но исто така и да бидат кривично одговорни. Голем број граѓани од цела Србија и Белград заминаа во Нови Сад.
Според новинарите на N1, неколку џипови и камиони влегле во дворот на Градското собрание.
Министерот за градежништво во Владата на Србија, Горан Весиќ утрово и официјално поднесе оставка, која ја соопшти на синоќешната прес-конференција.Меѓу загинатите е и македонскиот научник Васко Саздовски.