Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Голема експлозија на аеродромот во Ташкент – Узбекистан, ударниот бран се почувствувал на повеќе од 30 километри, има загинати и повредени

Едно лице загина, а 162 се повредени во силна експлозија во четвртокот во магацин во близина на аеродромот во Ташкент, која предизвика пожар и искрши прозорци во станбени блокови во близина, соопштија властите во Узбекистан.

Како шро пренесува Ројтерс, еден тинејџер починал откако врз него паднала рамка од прозорец, се вели во соопштението на Министерството за здравство, во кое се додава дека 24 лица се хоспитализирани, но не се соочуваат со закана по нивните животи, додека на 138 им била укажана лекарска помош.
Летовите се одвиваа нормално на меѓународниот аеродром во главниот град, соопшти неговата администрација.

На видеото и фотографиите на социјалните мрежи, пламенот се издигна на ноќното небо, со огромен облак од чад виси над магацинот, но причината за експлозијата не беше веднаш јасна.

На местото на настанот е поставена специјална лабораторија за да се испита експлозијата, соопшти Министерството за вонредни состојби.

„Како резултат на брзите активности на вработените во Министерството за вонредни состојби, површината на пожарот се намалува“, се додава во апликацијата за пораки Телеграм.
„Ситуацијата е целосно под контрола.

Во објавата на социјалните мрежи од узбекистанскиот центар Дарио се вели дека 16 пожарникарски и спасувачки екипи биле испратени да се борат со пожарот во еден од магацините во градскиот кварт Сергели во близина на аеродромот.

Зачлени се на нашиот е-билтен