Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Голоб: Патот на Северна Македонија е кон ЕУ, а на Бугарија кон Шенген, да не стигнеме до исклучување од овие процеси

Според словенечкиот премиер Роберт Голоб добро е што изборите во Бугарија се позади нас, бидејќи, како што вели, сите знаеме дека пред изборите времињата може да бидат незгодни за решавања на прашања.

– Моментално Бугарија се уште нема Влада, но со било која Влада која ќе биде именувана ќе имаме еден дијалог, а дијалогот е значењето на европските интеграции. И Бугарија е и денес свесна бидејќи вистина сака да влезе во Шенген. Држава која е свесна како е кога некој ќе те исклучи од постапката, кога имаш право за понатамошна европска интеграција, верувам дека ќе има разбирање за прашањето за Северна Македонија, рече Голоб.

Според него, нема друг пат за Бугарија и Северна Македонија и се работи за ист процес, а не за два процеса. Тој се осврна и на прашањето за македонската евроинтеграција.

– Промените на Уставот кој ги предвидува договорот со ЕУ се нешто што е позитивно и за положбата на малцинствата да се зајакнат позициите на малцинствата во Македонија или дел на народот како што тоа детално се уредува во Македонија во рамките на уставот. Од друга страна бевме информирани дека имаат еден од најнапредните системи за заштита на малцинствата во Европа и верувам дека таа информација со задоволство ќе ја шириме во сите европски интеграции, токму со таа цел, дека Северна Македонија досега беше една од најнапредните, ако не и најнапредна и сака да остане на тој пат. Истовремено, дека токму со тоа што ќе стапи во полноправно членство во ЕУ дека тие малцинства ќе добијат пристап кон своите матични држави, рече Голоб.

Зачлени се на нашиот е-билтен