Грчките земјоделци продолжуваат со блокадата, Брисел преќутно порачува: Субвенциите се дел од националниот систем, а не од политиката на ЕУ

Субвенциите се дел од националниот систем во рамките на земјата-членка и иако се одобрени од ЕУ, нивната распределба и контрола се вршат преку локалните агенции. Кога се случуваат злоупотреби, се покренуваат истраги и плаќањата се замрзнуваат, што Брисел не може автоматски да го компензира, туку мора да чека извештаи и анализи од надлежните органи

Земјоделците во Грција веќе десеттина дена ги блокираат националните автопати и граничните премини, протестирајќи поради повеќемесечното доцнење во исплатата на субвенциите од ЕУ.

Причината за доцнењето лежи во скандалот откриен од Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (EPPO), според кој некои апликанти лажно тврделе дека поседуваат земјиште, додека други пријавиле фарми или пасишта на оддалечени локации или користеле фалсификувани адреси и договори за закуп.

Субвенциите се дел од националниот систем во рамките на земјата-членка и иако се одобрени од ЕУ, нивната распределба и контрола се вршат преку локалните агенции. Кога се случуваат злоупотреби, се покренуваат истраги и плаќањата се замрзнуваат, што Брисел не може автоматски да го компензира, туку мора да почека извештаи и анализи од надлежните органи.

Скандалот практично ја принуди владата да го замени ОПЕКЕПЕ, агенцијата одговорна за распределба на земјоделските субвенции од ЕУ, со независна Агенција за јавни приходи (AADE).

Илјадници земјоделци со месеци не добиле или добиле помалку, додека се спроведуваат ревизии, за кои тврдат дека ги ставаат чесните земјоделци во иста категорија со нивните корумпирани колеги. Според грчкото Министерство за земјоделство, околу 44.000 производители во моментов не добиваат авансни плаќања на субвенциите од ЕУ поради разни проблеми, вклучително и неизвесноста околу сопственоста на земјиштето.

Премиерот Киријакос Мицотакис, поради критиките од скандалот, ги повика земјоделците да ги прекинат блокадите и најави дека владата е отворена за дијалог. Владата призна доцнење на плаќањата и вети дека ќе распредели 3,7 милијарди евра (околу 4,3 милијарди долари) на земјоделците оваа година.

Сепак, протестите продолжуваат.

Досега, официјален Брисел не зазеде јавно јасен, силен и независен став во форма на осуда на протестите или повици за проширена солидарност, туку ситуацијата во Грција се третираше како национален проблем во рамките на поширокиот систем на субвенции и контроли на ЕУ.

Земјоделците се обидуваат да ги користат механизмите на ЕУ и институционалниот притисок за да ги „турнат“ од Брисел, но засега нема официјално соопштение или реакција што би укажувало дека ЕУ презема итни политички мерки.

Субвенциите се дел од механизмот во самата земја-членка. Европската Унија ги одобри средствата, но нивната распределба и контрола се вршат преку структурите на националните агенции.

Кога се случуваат злоупотреби, преку фалсификување на земјишни документи или други неправилности, се започнуваат истраги и се замрзнуваат плаќањата, што ЕУ не може автоматски да ги компензира. Наместо тоа, Брисел мора да чека на извештаите и анализите на надлежните орган

Протестите на грчките земјоделци се главно израз на социо-економска нерамнотежа и тешкотии во примената на процедурите за субвенции, а не на институционални грешки на самата Европска Унија. Затоа, очекуваниот одговор од Брисел е првенствено од техничко-финансиска природа, контрола, ревизии и следење на постапката, додека политичкото застапување или заземањето страна во протестот се држи во позадина.

Во исто време, притисокот врз земјоделците во рамките на ЕУ расте во поширокиот европски контекст. Беше најавено дека во Брисел ќе се одржи голем протест на 18 декември 2025 година, каде што се очекуваат до 10.000 земјоделци од неколку земји. Оваа мобилизација укажува дека кризата во земјоделскиот сектор се препознава како европски проблем, а не само грчки, што дополнително го објаснува претпазливиот и технички ориентиран пристап на Брисел.

Зачлени се на нашиот е-билтен