Грчките земјоделци со 300 трактори го блокираа граничниот премин „Евзони“

Блокади се поставени и на други гранични премини „Ники“ („Меџитлија“) кон Македонија, каде што секојдневно се одлучува за времетраењето на прекинот, на „Промахноас“ и „Орменио“ кон Бугарија и на „Кипи“ кон Турција.

Абвтомото сојузот на Македонија ги информира граѓаните дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ од македонска страна, односно граничен премин „Евзони“ од грчка страна.

На граничниот премин „Евзони“ се паркирани над 300 трактори, а периодичните блокади траат веќе десет дена.

Протестите на земјоделците, кои започнаа на 30 ноември, се проширија низ цела Грција, каде што се поставени над 50 блокади на автопатишта и локални патишта, што значително го отежнува сообраќајот.

Блокади се поставени и на други гранични премини „Ники“ („Меџитлија“) кон Македонија, каде што секојдневно се одлучува за времетраењето на прекинот, на „Промахноас“ и „Орменио“ кон Бугарија и на „Кипи“ кон Турција.

Земјоделците протестираат поради зголемени трошоци за производство, ниски откупни цени за нивните производи, скандалот поврзан со европските земјоделски субвенции, а бараат и исплата на заостанати субвенции.

Од АМСМ соопштија дека сообраќајот на државните премини се одвива непречено, претежно по суви коловози.

Оттаму апелираат да се почитува поставената сигнализација на делниците каде што има можност од појава на одрони, како кај Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Зачлени се на нашиот е-билтен