Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Грчко МНР: Неприфатлив е секој напад врз хуманитарните работници во Газа

Жалење и сочувство за „трагичната загуба на хуманитарните работници од World Central Kitchen во Газа“ изрази преку „Х“ Министерството за надворешни работи на Грција и паралелно порача дека „секој напад врз хуманитарните работници е неприфатлив“, јави дописничката на МИА од Атина.

Седуммина членови на тимот на „Светска централна кујна“ („World Central Kitchen“ WCK) загинаа во израелски напад во Газа во неделата за време на нивната хуманитарна мисија, по што од невладината организација соопштија дека привремено ги прекинуваат активностите во конкретниот регион.

WCK беше дел и од двете хуманитарни пратки што по морски пат од Кипар беа испратени за Газа во рамките на иницијативата „Амалтиа“. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира