Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Гвардиола: Насилството е насекаде бидејќи постои голема разлика меѓу оние кои умираат од глад и зголемен холестерол

Нееднаквостите во општеството и големата разлика меѓу богатите и сиромашните, меѓу оние кои умираат од глад и зголемен холестерол, според тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е причината за насилството, но и расизмот, за кои вели дека не се проблем на фудбалот, туку на општеството.

Гвардиола, во интервју за грчката Cosmote TV кусо пред финалето на Суперкупот, даде свој став околу насилството во фудбалот.

-Виновно е општеството, тоа не фудбалски проблем. Исто како со расизмот, не е проблем на фудбалот. Расизмот е насекаде, насилството е насекаде. Зошто? Бидејќи разликата меѓу богатите и сиромашните е голема и не постои средна класа која би ја балансирала ситуацијата. Во светот нееднаквостите создаваат проблеми. Половина планета страда од глад, другата половина умира поради висок холестерол, потенцираше Гвардиола.

За последните случувања во Грција и убиството на 29-годишниот навивач на АЕК, тренерот на Сити истакна дека тоа се случува и во други земји и „е прашање на култура“, додавајќи дека просветните, но и здравствените работници треба да бидат подобро платени, „а оние кои се на власт крадат и така ситуацијата станува потешка“. (МИА)

Треба да знаете
Moже да ве интересира