Хаос во Минхен: Аеродромот затворен поради дронови – илјадници патници заглавени

Минхенскиот аеродром, еден од најпрометните во Европа, синоќа беше затворен поради повеќекратни дојави за дронови во близина на пистите. Според официјалното соопштение, 17 летови биле приземјени нешто по 22 часот во четврток, што директно погодило речиси 3.000 патници.

Уште 15 авиони кои требало да слетаат во Минхен биле пренасочени кон Штутгарт, Нирнберг, Франкфурт и Виена. Воздушниот сообраќај бил во прекин со часови, а бројни патници останале без алтернативни решенија за патување.

Настанот доаѓа во чувствителен момент, бидејќи претходно беа забележани неидентификувани летови на беспилотни летала и над Данска. За време на своето четиричасовно телевизиско обраќање, рускиот претседател Владимир Путин ги исмеа западните обвинувања за можна руска вмешаност, нарекувајќи ги „дел од НАТО-стратегијата за поттикнување тензии и зголемување на одбранбените трошоци“.

Минхен со тоа стана најновата европска аеродромска жртва на мистериозните дронски нарушувања кои ја загрижуваат целата Унија.

Зачлени се на нашиот е-билтен